Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени во денешниот самоубиствен напад во Кабул, во близина на собир посветен на убиениот поранешен антисоветски муџахедински командант Ахмад Шах Масуд.

Бомбашот самоубиец бил на мотор кога го активирал експлозивот, неколку часа откако полицијата во Кабул спречила друг осомничен напаѓач да детонира експлозивна направа.

Повеќето главни сообраќајници во Кабул се блокирани од полицијата.

Масуд бил таџакистански лидер, кој е убиен во самоубиствен напад во 2001 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 16:52