Доколку постои договор што ќе донесе перспектива за решение меѓу српската Влада и косовската страна, ние ќе го поздравиме, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната прес-конференција во рамки на Меѓународниот саем во Солун.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговарајќи на новинарско прашање, Ципрас рече дека по решавањето на спорот со името, може да се реши и прашањето за Косово.

- Со посебен интерес ги следиме случувањата на Балканот. Како што знаете, лично, имам пријателски однос и редовна комуникација со претседателот на Србија. Се создаваат услови за решавање на едно многу тешко прашање, по името, можеби е најтешкото прашање, но може да се реши, бидејќи постојат и други тешки прашања кои тешко се решаваат, кои многу потешко може да се решат на Балканот. Не кријам дека ме загрижува ситуацијата во Босна. Верувам дека би можеле да започнат перспективи за решение на Косово. Го следиме прашањето и секако ако постои договор меѓу српската влада и косовската страна, што ќе даде перспектива за решение, нас не ни останува ништо друго, освен да го поздравиме, рече грчкиот премиер.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 21:57