Илјадници поддржувачи на рускиот опозиционер Алексеј Навални се приклучија денеска на протести ширум Русија против планираните владини пензиски реформи.

Најмалку 290 демонстранти се уапсени од полицијата, тврди организација за заштита на човековите права.

Протестите, од кои некои полицијата ги растури со палки и извлекување на учесниците, се предизвик за властите, кои се надеваат на голема излезност денеска на регионалните избори и покрај огромното незадоволство поради планираното зголемување на возраста за заминување во пензија.

- Властите не го слушаат народот и тоа значи дека е време да се излезе на улица, изјавија приврзаниците на Навални во соопштение.

Предложените измени во пензискиот систем, кои се веќе внесени во Парламентот, го намалија рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин за 15 проценти и претставува најнепопуларната владина мерка од 2005 година досега.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 21:59