Ракометарките на Металург се елиминирани од ЕХФ купот, откако денеска претрпеа тежок пораз од 33:11 од француски Иси Париз и во реванш натпреварот од првото квалификациско коло.

Младиот состав на Металург не можеше да се носи со гостите од Франција, кои рутински дојдоа до победа и во вториот натпревар.

Избраничките на Јулијана Дамчевска вчера на првата средба исто така беа убедливо совладани со 16:31.

Со двете победи во Скопје, ракометарките на Иси Париз обезбедија пласман во следната фаза каде ќе се сретнат со Нант.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 22:06