Вкупно седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во напад со нож што синоќа се случил во Париз.
Напаѓачот, кој е упасен, бил вооружен со нож и метална шипка.
- Засега нема основи нападот да се окарактеризира како терористички, изјавил полициски претставник.
Според истиот извор, напаѓачот веројатно е Авганистанец, кој нападнал непознати на улица кусо време пред 23 часот во северниот дел на Париз.
Полицијата соопшти дека двајца од повредените се англиски туристи.