Актуелниот светски фудбалски шампион Франција синоќа во Париз ја победи Холандија со 2:1. Стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ на 15 минути пред крајот на натпреварот беше Оливие Жиру.
За него ова беше 32. погодок во националниот тим со што се искачи на 4.место на вечната листа оставајќи го зад себе легендарниот Зинедин Зидан на 31 гол.
- Жиру е многу благодарен играч кој често пати е неправедно критикуван. Многу сум среќен за него што постигна гол, изјави францускиот селектор Дидие Дешан по триумфот над Холандија во Лигата на нации.
Франција е прва во Групата – 1 со 4 бода од две средби, Германија е втора со 1 бод, додека Холандија е трета без освоен бод.