Возач на мотоцикл, сопатник и тројца патници во автобус се здобиле со тешки, а седум со телесни повреди во три од вкупно 26 сообраќајки случени во текот на викендот.

Во шест сообраќајни несреќи со полесни повреди се здобиле девет лица, а 17 биле со причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и седум возачи за не користење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени 35 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 10 возачи почетници, како и 18 нерегистрирани возила. Затекнати биле 70 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 48 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 12:29