Пратеничката на опозицискиот Демокраатски сојуз на Косово (ЛДК) Вјоса Османи смета дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ со својот говор во Северна Митровица на крајот од дводневната посета на Косово, најавиl тешки времиња за целиот Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Вучиќ во Косово го нарече (Слободан) Милошевиќ „голем лидер“, геноцидот на Милошевиќ „чесна војна“ и рече дека е горд на Добрица Ќосиќ и другите идеолози на српската хегемонистчка политика. Дотолку повеќе, тој пројави територијални претензии не само кон Косово, туку и кон другите држави од регионот, напиша Османи на Фејсбук.

Според пратеничката со освоени најголем број гласови на последните парламентарни избори во Косово, говорот на Вучиќ во Митровица претставува лоша вест за Западен Балкан.

- (Вучиќ) најави дека Србија продолжува да ја претпочита нестабилноста и човечките трагедии. Сето тоа спакувано во говор во кој тука и таму ги спомена мирот и помирувањето, вели Османи.

Таа смета дека „воинствената логика и логиката на делби по етнички линии“ можат да ја спречат единствено граѓаните.

- Европската унија реагира зошто не беше пуштен во Дреница нивниот претпочитан миленик, поранешниот министер за пропаганда на Милошевиќ и генерален секретар на (Војислав) Шешељ од времето кога на Балканот се вршеше геноцид. На оваа вознемиреност се приклучи и пријателот на Александар (Вучиќ), Хашим (Тачи). Меѓутоа, како што се покажа денеска во Дреница, воинствените планови и логиката од 19-тиот век за поделби по етнички линии, промовирана од Вучиќ-Тачи, може да се запре единствено од граѓаните, напиша Османи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 15:31