Силен земјотрес, со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди брегот на Соломонските Острови во Тихиот Океан, соопшти американскиот Геолошки завод.

Потресот е регистриран околу 6.30 по локално време, 65 километри северозападно од Кирикара, на длабочина од 64,5 километри.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами, на Хаваи, не објави предупредување за цунами.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 15:41