Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека наскоро ќе и се врати на тренерската работа.
46-годишниот Французин го напушти тренерското место на „кралскиот клуб“ на 31 мај 2018 година.
- Се разбира, наскоро ќе тренирам тим повторно. Тоа е она што сакам да го работам и она што го правам цел живот, изјави Зидан.
Францускиот стручњак го предводеше Реал од 2016 до 2018 година. Под негово водство, мадридскиот клуб го освои шампионатот на Шпанија и три пати ја освои Лигата на шампионите