Претставници на етничките Албанци кои живеат во јужните српски општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа денеска упатија повик за обединување со Косово.
Градоначалникот на општина Прешево Шќиприп Арифи тоа барање го изнесе на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој неодамна, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, го отвори прашањето за менување на границите меѓу Србија и Косово.
- Одобрете ја нашата резолуција со која го поддржувате обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, порача Арифи до косовското Собрание.
Мнозинството пратеници и премиерот Рамуш Харадинај се против овој предлог, бидејќи тоа би подразбирало косовските општини со мнозинско етнички српско население да се спојат со Србија.