Во општина Кисела Вода во рамки на акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците досега се собрани околу 10 тони смет и кабаст отпад.
- Сезонските работници денеска во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата, информираат од Општина Кисела Вода.
Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.
Од Општината апелираат до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за поздрава и почиста животна средина, велат од Општината.
Акцијата започна минатата недела во населбите Црниче и Пржино.