Во Србија во изминатите седум дена уште четири лица починнаа во треската на Западен Нил, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут".

Годинава од треската на Западен Нил, во Србија заболеа 286 луѓе, а починаа 29 лица.

Најголемиот број на заболени се регистрирани во Белград-141 лице.

Вирусот на Западен Нил се пренесува преку заразени комарци. Тоа е сезонска болест која се јавува при најголемата активност на комарецот.

Во Србија обично првите заболени се регистрираат веќе во јули, а најголем број на пациенти се пријавуваат во август.

Во земјите на ЕУ досега се пријавени 798 случаи на треска на Западниот Нил, а повеќето случаи се во Италија - 327, Грција - 168, Унгарија - 134 лица.

Во ЕУ досега се починати 44 лица, и тоа во Грција 18, во Италија 13, Романија 12. Треската на Западниот Нил првпат е регистрирана во Србија во 2012 година. Од тогаш до 2017 година пријавени се 574 случаи на треска од западен Нил, а 61 лице починало.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 19:27