Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека корекцијата на границите е опасен експеримент и со тие иницијативи мора да се биде многу внимателен.

- Играта со границите и територии е опасен експеримент и ги повикувам сите да бидат внимателни. Секогаш кога ќе започне темата за границата, нема гаранција како тоа ќе заврши, и по сите трагедии, Косово не може да си го дозволи тој луксуз, рече Харадинај

Коментирајќи го предлогот на политичките водачи на Албанците од југот на Србија дека Собранието да усвои резолуција за спојување на тие општини со Косово, Харадинај нагласи дека при секое отворање на гранични прашања не е сигурно какви трагедии може да произлезат од тоа и во чија корист тоа ќе заврши. Тој истакна дека изолацијата на Косово е многу поголем проблем од посетата на Александар Вучиќ и прашањата за корекција на границите.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 19:47