Црвена Ѕвезда го направи најголемиот успех по 26 години откако се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, а билетите за трите натпревари од групната фаза кои ќе се играат на „Маракана“ се продадени во рекордно време.

Денеска во десет часот почна редовната продажба на влезници за дуелите со Наполи, ПСЖ и Ливерпул, а по само неколку часа билетарата престана да работи бидејќи влезниците се распродале. Како што пренесуваат српските портали ред се чекал уште од ноќеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 01:30