Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во пожарите и беа идентификувани во Институтот за судска медицина, а 16 починаа во болниците од здобиените сериозни повреди во игнената стихија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 18:10