Во Општата болница во Велес денеска е изведена првата мини инвазивна артроскопија на рамо. Операцијата ја изведе проф. д-р Златко Темелковски од Клиниката за ортопедија во Скопје со асистенција на неговиот помлад колега од велешката болница д-р Зоран Арсовски, кој понатаму ќе ги преземе операциите со менторство на проф д-р Темелковски.

Како што појасни д-р Темелковски станува збор за операција на ткн. смрзнато рамо или фроузен шолдер или неможност пациентот да го движи рамото во ниеден правец.

- Ова се мини инвазивни методи или еднодневни хурушки интервенции. При самата интервенција не станува збор за отворена хирургија, туку станува збор за комплетно ендоскопско решавање на проблемот. Затоа мислам дека оваа интервенција е само почеток на нештата, а оваа операција и останатите вакви ќе бидат менторирани од мене ,а потоа ќе ја изведува д-р Арсовски со своите колеги, појасни прод д-р Темелковски.

Тој информира дека во зависност од опремата во велешката болница, а која сега недостига и треба во иднина да се набави, се планира да се прават и ткн. лигаментарни трансплантации бидејќи смета дека ваква интервенција освен во прилепската треба да се изведе и во велешката болница и останатите поголеми болници во земјава.

- Со овој начин на наше доаѓање на професори за изведување на операција во велешка болница наместо во болниците во Скопје е добро затоа што сметам дека е подобра докторот да дојде кај пациентиот, наместо тој да трча по скопските клиники и да чека на некои листи за операција и да се шират некакви минипулации. Воедно ќе се намалат и трошоците на семејството на пациентот, потенцира д-р Темелковски.

Тој појасни дека на крај заеднички со тимот од велешка болница ќе направат и рехабилитациски протоколи.

- Катланово ни е блиску и во перспектива треба да биде клиничка болница во овој регион посебно во делот на ортопедијата. Посебно ме радува што колегите се залагаат и размислува за воведување на овие мини инвазивни методи во болниците, а за кои не е потребно долго лежење од десет туку само ден-два и пациентот си оди дома ,појасни д-р Темелковски.

Тој најави дека во иднина неговиот помлад колега д-р Арсовски со своите колеги во велешката болница ќе прави и артоскопска интервенција на менискус и р’скавица и слични интервенции.

Проф д-р Темелковски најаи дека заедно со директорот на ЈЗУ Општа болница во Велес д-р Митко Стровјанов веќе разговарале наскоро во велешката Општа болница да се изведува и лигаментарна трансплантација на скочен зглоб, а за што тој смета дека има услови и треба што поскоро да се реализира во оваа болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 19:42