Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на денешната прес-конференција истакна дека Општината, со добро менаџирање на финансиските средства остварила заштеда во буџетот.
- Заклучокот е едноставен дека се работело чесно, одговорно и домаќински со што сме постигнале добро менаџирање со финансиските средства и сме оствариле заштеди во буџетот, потенцира Коцевски.
Тој посочи дека реализираните тековни оперативни приходи во вториот квартал од 2018 година, споредбено со истиот период минатата година, се поголеми за 1,99 отсто, додека реализираните тековни оперативни расходи за помали за 0,18 отсто.
- Воено, релизираните капитални приходи во вториот квартал годинава изнесувале 14.347.359 денари, односно 20,25 отсто, што е за 13,81 отсто повеќе, споредбено со истиот период минатата година кога релизираните капитални приходи изнесувале 6.477.161 денари, односно 6,44 проценти. За истиот период, реализираните капитални расходи изнесуваат 16,39 отсто, што е за 8,07 отсто повеќе, во споредба со истиот период 2017 година, кога изнесувале 8,32 отсто, рече велешкиот градоначалник.
Коцевски посочи дека за репрезентација во тој период Општината потрошила минимални 17 илјади и 540 денари споредено со лани кога биле потрошени 256 илјади 505 денари.
- Трошоците за гориво се помали за 40,92 отсто, а патните расходи се помали за 31,58 отсто, потенцираше тој.