Командата на вооружените сили на САД преговара со цел проширување на обемот на воените операции на територијата на Грција каде ги употребува воените воздушни и морски бази во услови на зголемена затегнатост со Турција поради нејзините планови да купи руски противвоздушни ракетни системи С-400.

Ова го пишува весникот „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски функционери.

Според информации од изворите на весникот, геополитичките и географските фактори ја зголемуваат атрактивноста на базите во Грција за вооружените сили на САД. Двете земји имаат основа за вознемиреност поради акции на Турција која е членка на НАТО. Покрај тоа, Грција со нејзината блага клима и воени објекти на НАТО овозможува цела година да се спроведуваат воено-воздушни вежби. Американски воени претставници ги сметаат за позитивни и постоечките можности за привремено распоредување на свои војници во земјата.

Како што информираат изворите, преговорите ги води главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа генерал Куртис Скапароти. Тој, сепк, не предлага да се распоредат американски војници и техника во Грција врз постоечката основа.

Вашингтон претходно ја предупреди Анкара дека ако набави системи С-400 од Русија, САД можат да одбијат на Турција да и продадат ловци Ф-35.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 22:59