Рефлектирачки приврзоци ќе добијат 6.452 првачиња во 79 училишта на територијата на град Скопје и општина Илинден, како дел од компањата „Јас внимавам“ за поголема безбедност во сообраќајот.
Активностите за поделба на донацијата ќе стартуваат денеска во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје. Донацијата е дел од кампањата „Јас внимавам“, посветена на зголемување на свеста за поголема безбедноста во сообраќајот, која што компанијата ОКТА ја спроведува две години.