Косовскиот премиер Рамуш Храдинај изјави дека очекува Европскиот парламент денеска да објави добри вести за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Косово има сили да чекори кон Европа, кон НАТО, кон пријателството со Америка, значи кон западниот свет. Во очекување сме на добрата вест и од Европскиот Парламент за либерализацијата на визите, изјави синоќа Харадинај.
Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања при Европскиот парламент вчера објави дека гласањето на европратениците за визна либерализација за Косово ќе се одржи денеска.
По ова гласање се очекува да се потврди мандатот за почеток на преговорите со земјите членки на Еврпската унија за либерализација на визите за Косово.
Во јули, на препорака на Комитетот, Европската комисија одлучи дека Косово ги исполнува предвидените критериуми и и препорача на ЕУ да ги укине визите за коосвските граѓани