Косовската опозиција денеска повторно ќе се обиде да обезбеди мнозинство во Собранието на Косово за усвојување на резолуција за дијалогот со Србија, со која ќе му се забрани на косовскиот претседател Хашим Тачи да преговара за размена на територии.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, една од 40-те точки на дневен ред на денешната собраниска седница е и гласањето по резолуцијата за дијалогот со Србија.

Претходниот обид од пред десетина дена не успеа поради бојкотот од страна на владејачките партии на седницата на која требаше да се гласа за предлогот на опозицијата.

Ден пред тоа, овој пат поради бојкот од страна на опозицијата, пропадна и обидот за избор на владин тим за преговори со Белград, предложен од косовскиот премиер Рамуш Харадинај.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 17:34