Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Битола, инвестиција од околу милион евра, обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на општина Могила се запозна со тековните активности за подобрување на патната инфраструктура и се сретна со градоначалничката Јасмина Гулевска.

Сугарески најави дека наредната година преку Министерството за транспорт и врски ќе има и нови проекти за локални патишта кои освен со општински средства ќе бидат поддржани и со средства од државниот буџет.

- На општините ќе им помогнеме преку проект поддржан од Светска банка чиј износ е околу 70 милиони евра, а имаме и уште еден проект кој е поддржан од Европска инвестициска банка преку кој на општините на расплагање ќе им бидат околу 50 милиони евра за изградба на локална инфраструктура. Имаме и дополнителни средства за општинска поддршка кои ги обезбеди Владата на Република Македонија или вкупно 170 милиони евра за комунална инфраструктура, изјави Сугарески.

Апелираше до општините да подготвуваат проекти со кои ќе аплицираат за добивање пари за подобрување на локалната и комунална инфратсруктура.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 18:05