По повод Денот на пензионерите на Република Македонија денеска во дворот на манастирот „Св. Спас“ кај виничкото село Драгобраште се одржа регионална средба на 13 пензионерски здруженија, на која присуствуваа над илјада пензионери.
На покана на општина Виница, која беше покровител на средбата, како гостин присуствуваше и потпретседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, која во обраќањето пред присутните рече дека очекува и лицата од третото доба да дадат придонес за напредокот на државата.
- Токму пензиониерите, оние кои ја изградиле државата, тие и посакуваат да оди напред и да им овозможи на нивните деца и внуци да живеат во подобри услови, еднакви на оние во земјите членки на ЕУ. Овде видов неподелена поддршка за историската одлука што ќе ја носат граѓаните на Република Македонија на 30 септември. На тој начин ќе ги задржиме нивните деца и внуци овде, убедувајќи ги дека европски живот може да се гради и овде, во Македонија, истакна Шеќеринска.
Според министерката Шеќеринска, нашата држава покажала дека промените се можни и од заробена таа станала слободна земја, при што ги решава проблемите наместо да ги одложува.
- Нашиот премиер денеска во Европскиот парламент се обрати на македонски јазик, говореќи за Македонија и нејзините национални и стратешки интереси. После многу години криза, кога државата се споменуваше по лошо, таа денес добива аплаузи во клучната европска институција. Тоа значи дека знаеме што сакаме и каде сакаме да одиме, резултатите се на дофат, додаде Шеќеринска.
Македонските граѓани ќе ја искористат големата историска шанса на претстојниот референдум, затоа што според Шеќеринска, иднината на државата ќе ја решат оние кои ќе учествуваат во реферндумското изјаснување