Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека за Србија е сосема неприфатливо формирање на косовска војска и ја повика меѓународната заедница да обезбеди почитување на Резолуцијата 1244 и да не дозволи формирање „нелегални оружени формации кои ќе го загрозат мирот и безбедноста“ во Косово и регионот.

- Одлуката на Приштина за покренување постапка за формирање т.н. војска на Косово е планиран обид за оневозможување на договор и напад на мировните напори на претседателот Вучиќ, оцени Вулин.

Во пишаната изјава до медиумите, Вулин прашува „за што воопшто би служела таа војска, за да се брани од Црна Гора и Македонија или за да ја нападне Албанија“.

- Единствена цел на формирањето војска е судир со Србија и ние нема да дозволиме да се подготви формација која според (Рамуш) Харадинај и (Кадри) Весели треба да стигне до Ниш, смета Вулин.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 20:59