Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски присуствуваше на завршната церемонија и доделувањето на сертификати на учесниците на Меѓународниот заеднички тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови што се одржа во Охрид.

Како што соопшти МВР, на завршната церемонија во присуство на директорот на БЈБ и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски, обраќање имаше командантот на ЕСЗ Митко Даневски.

Единицата за специјални задачи во периодот од 30 август до 6 септември на Охридското Езеро го реализираше меѓународниот заеднички тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови. На семинарот покрај специјалниот полициски нуркачки тим од ЕСЗ учествуваа и нуркачки тимови од специјалните полициски единици на Хрватска, Унгарија, Србија и на Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 22:23