Во касарната во Ѓорче Петров се одржа завршна вежба за упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности.
Завршната вежба е дел од обуката наменета за припадниците на Единицата за брзи интервенции и Посебната единица за поддршка при Министерството за внатрешни работи, која ја спроведуваа француски обучувачи од француската ЦРС служба.
Вежбата ја следеа заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 2019 година е планирано да се одржи уште еден модул на повисоко ниво на обуката.
По завршувањето на обуката и доделувањето на сертификатите, францускиот амбасадор му предаде на заменик-министерот Нухиу опрема за алпинистичкиот тим на ЕСЗ.