Вработувањето, социјалната заштита, вадењето лични документи, легализацијата на куќите, судството, се само дел од сферите во кои најчесто се прекршуваат правата на Ромите.
Ова беше итакнато на денешната конференција на која беа презентирани резултатите од проектот „Општина Кичево инклузивна и одлучна да ги решава проблемите на ромската популација во општина Кичево“.
Според претседателот на здружението „Преродба“ од Кичево Емин Мамудоски, Ромите се екстремно ранлива и лесно подложна категорија на прекршување на правата и дискриминација пред се поради релативно нискиот степен на информираност и образование.
Проектот е имплементиран во рамки на проектот „Од акција до еднакви права за Ромите“ финансиран од ЕУ.