Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во изјава за Дојче Веле тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово".
- Ќе има недопирливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршна надлежност со која се загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, изјави тој за Дојче Веле за време на посетата на Тирана.