Холандскиот новинар со албанско потекло Винсент Триест, кој на Твитер објави видео на вооружена екстремистичка група што себеси се нарекува Албанска национална армија (АНА) и во кое од албанската и од косовската влада се бара да не „тргуваат“ со територии, денеска информира дека станувало збор за стар запис.

- Моите твитови за пораката на АНА беа базирани на една стара снимка, што ми ја испрати некој на кого му верував. Жал ми е што на Твитер објавив старо видео, тоа беше грешка, објави Триест на социјалната мрежа.

На видеото, кое во меѓу време е отстрането од Твитер, вооружени и маскирани лица на албански јазик им порачуваа на политичарите да престанат да продаваат или тргуваат со територии за свои лични интереси. - Мора веднаш да прекинат разговорите за трговија на териториите на Северна Митровица и Прешевската Долина, порачуваа екстремистите во видео записот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:34