Идејата за корекција на границите е многу деликатна и претставува играње со судбината не само на Косово, туку и на албанската нација, изјави албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама.

Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Ора њуз, Рама првпат се произнесе околу идејата за коренција на границите меѓу Косово и Србија, нагласувајќи дека избрал да молчи „кога на големо сите зборуваат за ова прашање“.

- Обврска на Косово, на државата и на властите, е да подготват платформа за дијалог. Јас сум последен меѓу Албанците што треба да зборувам и да коментирам зошто во Косово има дебата за идејата, а не за платформа. Чувствувам дека сум должен да ги почитувам до крај Косово и неговите власти. Многу јасен сум дека сум зборувал и ќе зборувам секогаш кога за тоа има потреба за Косово, но јас ниту сум зборувал ниту ќе зборувам во име на Косово. За мене зло е да коментатирам. Ни треба многу повеќе од дебата, изјави Рама.

Тој оцени дека Албанија има обврска силно да го поддржува Косово и во рамки на таа обврска ќе продолжи и ќе чека што косовските претставници размислуваат и што се согласни да направат.

- Не можам да бидам тутор на Косово. Ова е прашање во кое се игра со судбината не само на Косово, туку на албанската нација и може да биде многу сериозна грешка, смета Рама.

Албанскиот премиер нагласи дека е потребна внатрешна стратешка дискусија, но оти лидерите во Косово не го прават тоа во актулениот миг.

- Треба да направиме внатрешна стратешка дискусија и тоа треба да го сторат оние што раководат со Косово. Јас не гледам дека го прават тоа. Албанците треба да дискутираат како мажи во Парламентот, а не само да се шетаат по телевизиите за да се конфронтираат. Изгубивме бидејќи не знаевме како да се однесуваме со историјата, оцени албанскиот премиер Рама.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 20:30