На универзитетот „Гоце Делчев“ Штип денеска и во понеделник е вториот уписен рок за пријавување на студенти во прва година за академската 2018-2019 година.

Проректорот на УГД-Штип, Кирил Барбареев вели дека освен на Факултетот за медицински науки за отсекот Општа медицина на сите останати факултети имаат слободни места.

- Така да сите оние кои што планираат да поднесуваат документи и согалсно исполнувањето на законските и статутарните услови за студирање ќе бидат примени на факултетот на кој што сакаат да се запишат и да студираат, вели Барбареев.

Во првиот уписен рок запишани се 1.500 студенти во прва година на 13 факултети и три академии, во текот на наредните уписни рокови се очекува бројката да достигне до 2.000 бруцоши, кои ќе студираат на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 20:49