Во општинската сала во Крива Паланка денеска се одржа дебата на тема „Креирање на визија за Осогово – идно заштитено подрачје“ на која претставници од граѓанскито сектор, институциите и останати општествени чинители дискутираа што значи заштитата на Осоговието како предел со сета разновидност на биодиверзиетот и природата.

Дебатата се организира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија која ефинансисрана од Швајцарската агенција за развој.

Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, истакна дека главната цел на истата е да и помогне на Република Македонија да ги зачува природните вредности, биодиверзитетот и геоморфолошката разновидност.

- Сето ова ќе се постигне со концепт на одржливо користење на природниет ресурси со кои располагаме и терба да с егордееме , иако см емала земја. Разнообразието кое го поседува овој регион е импозантно. Природните ресурси се лимитирани и исклучиво важно е како ние ги менаџираме, како ќе ги зачуваме за идните генерации, бидејќи сме ги наследиле и ги користиме, но треба тоа да биде на одржлив начин, рече Шушлевска.

Ова е втора фаза од Програмата и во првата фаза се усвоени изготвените многу важни, стратешки, документи, како Стратегијата за природа на Македонија која е важен документ на Национално ниво и просторнито план за регионот кој е од фокус на оваа програма-Сливот на река Брегалница, Стратегија за туризам на овој регион и мали инфратструктурни проекти, важни за одржливо користење на природата.

- Во оваа втора фаза која трае веќе година и пол, главен столб се заштитените подрачја, низ принцип на формирање добра база на сите стратешки документи на локално, регионално и национално ниво, кои ги изработивме, а веќе се почна со поддршка за спроведување приоритети. Заштитените подрачја се многу важни за претстојната фаза, вашто ЕУ добро ги препознава вреднсотите и дава препорака како да с екористат, зашто прогласувањерто на истите значи организиран начин на искористување на ресурсите, со акцент на економски развој на истите, додаде Шушлевска.

Деспина Китанова од Македонско еколошко друштво ги претстави природните вредности на Осоговските Планини и информираше за процесот на прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје, преку креирање на заедничка визија .

- Осогово е планина која дозволува да има живеалшта и од континентален и од медитерански карактер, што не е случај со другите планини. Тоа значи дека има ретки видови кои ги има во Германија, Полска и други земји. Пронајдени се важни за зачувување видови на Европско ниво, рече Китанова.

Во претстојнито период ќе следи донесување на два стратешки документи: Стратегија за валоризација на природни вредности“ и „Социо-економско истражување“ кои се очекува да бидат готови до крај на 2018, а подоцна, Министерството за животна средина и просторно планирање да побара Владата на РМ да го прогласи Осогово како заштитено подрачје.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 03:13