Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија.
Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријатели како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесуваат „Независнe новинe“.
Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.
- Тоа се глупости кои треба да се отфрлат, бидејќи не смееме да бидеме заморче на еден политички пристап, кој зборува дека соработката во областите здравство, култура и економија може да бидат нешто друго, освен за добробит на тие кои во тоа учествуваат, вели Додик, истакнувајќи дека Русија е „ несомнено пријател на РС“.
Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.
Полтавченко зборуваше за досегашната и за можностите за идна економска соработка со РС.