Нов началник на Генералштабот на Армијата на Србија е генерал-мајор Милан Мојсиловиќ, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министерот за одбрана Александар Вулин и претставниците на воениот врв.

Како што изјави Вучиќ, според Уставот на Србија и по бројни консултации со министерот за одбрана Александар Вулин и водечките луѓе на армијата, издал неколку налози за назначување, именување и разрешување.

Најважна одлука е назначувањето на Милан Мојсиловиќ за шеф на Генералштабот.

Досегашниот началник Љубиша Диковиќ поднел барање за пензионирање, што Вучиќ го прифатил и му го доделил на Диковиќ орденот Караѓорѓева ѕвезда од прв степен.

Милан Мојсиловиќ беше назначен за помошник министер за одбрана- за одбранбена политика со одлука на владата во јуни оваа година. Пред тоа, од 2013 до 2017 година бил шеф на Военото преставништво во Мисијата на Република Србија во НАТО во Брисел. Дипломирал на Воената академија, Командно-штабната школа и Националната школа за одбрана во Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 03:34