По повод Светскиот ден на чистењето, Општина Карпош денеска од 9.00 до 11.00 часот ќе спроведе еколошка акција на нејзината територија.
- Освен редовните вработени хигиеничари, кои се грижат за чистотата на територијата на локалната самоуправа, ќе учествуваат и вработени од општинската администрација, соопштија од Општина Карпош.
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Адријан Муча, ќе присустуваат на акцијата.
Еко-акцијата ќе се одржи на вкупно девет локации на територијата на Карпош.