Во рамки на меѓународната акција „Да го исчистиме светот“ денеска повеќе од две илјади ученици од гимназијата и оновните училишта во општина Гевгелија учествуваа во еднодневната еко акција за почиста животна средина.

Учениците од средношколкиот центар во акцијата се вклучија со чистење на пешачката патека од Гевгелија до Негорските бањи, а за гевгелиските основци од пониските одделенија беа организирани часови по екологија. Учениците од седмо, осмо и деветто одделение беа вклучени во чистење на излетничките локалитети Вардарски рид и Динќут.

Учениците од основните училишта во Негорци и Миравци во акцијата за чиста животна средина се вклучија со чистење на централниот простор во Негорци и училишниот двор во Миравци.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 15:35