Општина Карпош денеска на Светскиопт ден на чистење 15 септември организираше акција за темелно чистење на Општината. Во неа се вклучи општинската администрација, општинското раководство, членовите на Советот, заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании. Се чистеа зелените површини, паркови и детски игралишта меѓу зградите.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека преку личен пример треба секој од нас да придонесе за заштита на животната средина.

- Оваа акција има за цел да ја подигне јавната свест, а на наше задоволство се приклучија голем број на граѓани и општествено одговорни субјекти. Секако, општината тековно и секојдневно се грижи за јавната чистота, за хигиената по сервисните улици, меѓублоковското зеленило и пристапните патеки, рече Богоев.

Акцијата се спроведе на територијата на цел Карпош, а во неа се вклучија повеќе компании и едно регулаторно тело, а беше поддржана и од службите на ЈП „Паркови и зеленило“ кои со своите капацитети помогнаа да се собере отпадот од сите собирни пунктови.

Општина Карпош во изминатиот период ангажираше и поголем број на хигиеничари кои се рамномерно распоредени во сите населби ширум општината, а за одржување на хигиената набави и возило (камионче), кое служи за собирање на погабаритен отпад.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 15:53