Најмалку 150 државјани на Босна и Херцеговина се пожалиле на кражба на личните податоци, тврдејќи дека некој без нивно знаење ги регистрирал за гласање во странство на претстојните општи избори во земјата - соопшти невладината организација „Под лупа“ која ги следи предизборната кампања и целиот изборен процес.

Организацијата побара отпочнување „сериозна истрага“ за ваквите тврдења за кражба на личните податоци на босанските избирачи.

Медиуми во БиХ објавија дека постојат основани сомнежи оти има илјадници случаи на кражба на лични податоци на босански државјани кои живеат во земјата, но некој ги регистрирал за гласање преку пошта од странство.

На избирачкиот список во БиХ се регистирани околу 77.000 босански државјани што живеат во странство, во најголем број во Хрватска, кои на изборите на 7 октомври имаат право да гласаат по пошта.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 16:09