По повод Светскиот ден на чистењето 15 Септември денеска прилепските јавни комунални претпријатија „Комуналец“, „Водовод и канализација“ и водостопанското претпријатие „Прилепско Поле“ заедно со локалната самоуправа практично се вклучија во акцијата за чистење на градот.

Се чистеше градот Прилеп и некои дви депонии, меѓу кои дивата депонија во населбата „Тризла“ кон касарната „Мирче Ацев“.

Ѕвонко Јованоски, директор на прилепски „Комуналец“ нагласува дека се вклучуваат во акцијата за чистење на градот и оти Прилеп е меѓу првите во државава што го селектира отпадот. Годишно се селектираат 5 до 6.000 тони отпад.

- Се грижиме за животната средина со тоа што селектираме 5 до 6.000 тони отпад годишно од хартија, тврда пластика, текстил кој е лесно запалив. Прилеп е прв град во Македонија кој селектира отпад и придонесува за заштита на животната средина и да им оставиме на нашите поколенија чиста, здрава и еколошка животна средина, вели Јованоски и порачува да се депонира отпадот во депонијата во „Алинци“ и да не ја загрозуваат животната средина затоа што депонирањето е бесплатно.

За директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески, најбитно е што секогаш се на располаѓање на граѓаните за здрава вода за пиење и за чист град.

- „Водовод и канализација“ секогаш ќе излезе во пресрет за подобрување на животот на граѓаните за почиста животна средина. Денеска сме располагање со сета механизација и со сите ресурси на граѓаните, рече Јанески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски со порака дека ваквите акции се за зголемување на свеста кај граѓаните за чиста животна средина.

- Ова нека биде апел до сите граѓани денеска да ги исчистат домовите и дворовите, во компаниите да се исчистат работните места. Животната средина живот значи многу и со овој потег ќе делуваме на свеста на граѓаните за понатаму да имаме уште почиста животна средина, рече Јованоски.

По повод Светскиот ден на чистењето, со својот ангажман се вклучија и учениците во прилепските училишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 16:10