По 40 години денеска во Штип се сретнаа младите акцијаши, кои три години го граделе Патот на младоста до планината Плачковица во должина од 43 километри. Никола Зенделов член на Организациониот одбор „Плачковица 1978-2018“ вели дека денеска во Штип на одбележувањето имаат околу 250 акцијаши, но и подмалдок, кои ги посетија мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, детското одмаралиште на планината Плачковица и археолошкиот локалитет „Баргала“.

- Ова значи дека сакаме да го оживееме акцијаштвото, со намера сме после 30 септември да ги свикаме акцијашите од нашата општина и ќе го формираме здружението. Направени се сите акти, статут програма за работа ќе го регистрираме и ќе почнеме со нашите активности, кои ги зацртавме уште пред две години. Ние имаме желба да го формираме здружението и за се зачлениме во здружението на акцијаши на Македонија, вели Зенделов.

По 40 години во Македонија дојде и акцијашот Вејсил Хоџич од Босна и Херцеговица, кој бил дел од оваа младинска акција, а во која учестувале 2.000 млади луѓе од сите републики на поранешната СФРЈ.

- Имаме многу пријатели од таа акција, но сега тешко се препознаваме, бидејќи многу години поминаа. Се слушам со некои, но сепак другарството ни остана, вели Хоџич.

Кире Ѓеоргиев од Кочани целата младост ја поминал во акции, зад себе има 16 сојузни и две меѓународни акции. Забележува дека немало акција во која не учествувал, а на Плачковица бил и заменик командатнт на населбата.

- Што значи дека беше под наша одговорност да поставиме шатори, да поставиме знамиња, јарболи, санирани чворови и да ги пречекаме гостите од цела Југославија. Така што тие моменти тешко да можеме да ги заборавеме и да ги доживееме во сегашно време, вели Ѓеоргиев.

Претседателот на Здружението на акцијаши, Војче Китановски вели дека и во денешно време се потребни вакви акции.

Штип наредниот месец се очекува да го добие своето акцијашко здружение, кое ќе организира акции, Имаат план веќе и да организираат пошумање на ридовите во Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 16:15