На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одржана во Охрид, меѓу другото беше донесена одлука да се исплати премија на репрезентативците на Македонија и на стручниот штаб од 30 илјади евра за победите против Гибралтар и Ерменија во рамки на УЕФА Лига на Нации.

На седницата се задолжи и Генералниот Секретар за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на статутот на ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 20:18