Албанскиот претседател,Илир Мета по повод Меѓународниот ден на демократијата, упати порака во која наведува дека демократијата не е дадена еднаш засекогаш и оти не доаѓа како подарок.
Во пораката упатиена посебно до младите, Мета посочува дека демократијата треба да се чува и унапредува, како што заслужува една земја, како што е Албанија.
- Демократијата не е дадена еднаш засекогаш. Демократијата не доаѓа како подарок, ниту пак опстојува како таква. Демократијата треба да се чува, да се брани и унапредува според најнапредните стандрарди, онака како што заслужува еден народ каков што е нашиот, кој претргал многу поради нејзинот недостиг, порача Мета.
Според албанскиот претседател, денешната младина, со слободен дух, енергија, храброст и смелост, треба да ги предводи демократски процеси за целосна европеизација на земјата.