Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по синоќешното реми на неговиот клуб од 1:1 со Атлетик Билбао во четвртото коло на Ла Лига, оцени дека тимот има многу што да подобри во својата игра, ако дозволува такви резултати.
„Белите“ сега имаат 10 бода и заостануваат на тебелата зад Барселона.
- Знаевме дека ни претстои тежок меч. Атлетик добро знае како да игра против нас. Ние не ја движевме топката, не бевме доволно брзи, не се движевме од линија до линија. Тие беа многу добро распоредени и успеаја да создадат ситуации, анализираше капитенот по мечот на „Сан Мамес“.
Тој додаде дека претстои доста работа за да се подобри играта на тимот под водство на Хулен Лопетеги.
- Секогаш треба да се дава максимум за овој тим. Не можеме да кажеме дека е добро што одигравме нерешено. Кога ремизираме, тоа значи дека има многу што треба да се направи за да се подобри играта, заклучи Рамос.