Француски цариници во еден бродски контејнер во пристаништето Авр откриле 752 килограми кокаин, кои во Франција пристигнале со брод од Јужна Америка.

Францускиот министер за јавни акции Жерал Дарменен изјави дека вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 30 милиони евра.

Како што јави ДПА, засега нема информации за приведени лица во врска со оваа заплена.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 12:24