Во насока на заштита на населението од евентуални поплави во општина Берово започнаа активности за чистење на месноста Ормански поток од мостот кај Полотекс до спојот со Којова Ливада. Според предвидените активности се врши чистење, ископ и исфрлање на ѓубрето од каналот во должина од 230 метри. Како што информираше градоналалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, активностите се реализираат во насока на заштита на ова подрачје пред претстојните есенски дождови. - Со чистење на наносниот материјал од вегетацијата во Орманскиот поток превентивно делуваме против излевање на потокот и ја заштитуваме улицата, оставаме подобра слика на градот и ги подобруваме условите на населенито во смисла на заштита на нивните имоти, семејни објекти и земјоделски површини, рече Пекевски. Активноста се реализира согласно програмата на одделението за комунална дејност при што, како што велат оттаму, освен превенција во пресрет на есенските дождови целта на активноста е создавање почиста урбана средина во Берово.