Во Белград денеска се одржува геј парадата-Парада на гордоста, која традиционално се одбележува преку прошетка низ улиците во центарот на главниот град на Србија.
Во поворката, украсена со знамињата на виножито и балони и под силна полициска придружба се и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министрите во Владата на Србија Бранко Ружиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ и преставници на дипломатскиот кор.
Министерот Ружиќ истакна дека промовирањето на толеранцијата е обврска на сите, на Владата и на граѓаните, бидејќи „рамноправноста е загарантирана со Уставот и законите".
Тој додаде дека со измените на Законот за матичните книги е направен исчекор, бидејќи е овозможено промена на полот да се запише во матичните книги.
ЛБГТ заедницата во Србија и годинава има неколку барања, меѓу кои е и законот за истополовите заедници.