Суперѕвездата на МЛС лигата, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го постигна својот 500-ти гол во кариерата.

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси се запиша во листата на стрелците со акробатски потег, со високо крената нога и ја затресе мрежата на шампионот Торонто.

Лос Анџелес Галакси загуби со 3:5 во возбудливот дуел во МЛС, но натпреварот помина под светлината на неверојатниот гол на Ибра. Поранешниот ас на голем број европски гиганти веќе има 17 погодоци во американскиот шампионат и заостанува само зад Џексон Мартинез од Атланта Јунајтед, кој има постигнато 28 гола.

Со 30 бодови, Торонто е деветти во Источната конференција и заостанува за девет бода зад шестиот Монтреал Импакт, кој ја зазема последната позиција што води во осминафиналето на плеј-офот.

Лос Анџелес Галакси, пак, се осми на Западот со 38 бодови и заостануваат за шест бода зад шестиот Портланд Тимберс.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 22:07