Министерството за внатрешни работи на Србија задржа 220 лица во текот на последните неколку денови, осомничени за економски и криминални дела, наведе денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

- Задржаните се осомничени за нанесување на штета на буџетот на Србија за неколку милиони евра, истакна Стефановиќ.

Тој информираше дека при неколку операции се запленети 36 парчиња огнено оружје, вкучително и пет автомати и голем број куршуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 23:05