Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот. Летот од Ниш до Базел бил пренасочен кон аеродромот во Загреб, „Фрањо Туѓман“ додека се наоѓал во воздушниот простор на Австрија. Три лица побарале лекарска помош.

Од аеродромот во Загреб потврдиле дека авионот бил итно пренасочен поради појава на чад во кабината на пилотите. Како што пишува „Авиорадар“, медицинска помош побарале двајца патници и еден член на екипажот, а деталите за повредите не се познати.

Авионот, во кој имало 180 патници, слетал во Загреб во 21 и 02 часот по локално време, по што патниците останале на терминалот до пристигнувањето на заменскиот авион. Причините за чадот за сега не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 01:58